БЕШЕ НА ВРВОТ, НО ЕДНА ВЕЧЕР ПРОМЕНИ СÈ: МЕ ВРЗАА ТОЛКУ ЦВРСТО ШТО РАЦЕТЕ МЕ БОЛЕА СО ДЕНОВИ

Бевме уморни и отидовме да спиеме. Одеднаш, се разбудив околу три часот наутро. Видов пет мажи како се мотаат околу нашата куќа. Имаа маски и темни костуми“, изјави Ана Чакветадзе, поранешна руска тенисерка.

loading...

Тоа беше почеток на најстрашната ноќ во нејзиниот живот. Ана Чакветадзе беше петта тенисерка на светот, го живееше својот сон, прашање беше само кога ќе стане најдобра на светот, а потоа за една ноќ сè се сврте наопаку за неа.

Кога се вратила дома во Москва од турнир одржан во Белгија, Ана доживеала вистинска хорор приказна.

Таа имаше 20 години, освои два WTA турнири, играше во четвртфиналето на Австралија опен и Ролан Гарос и стигна до полуфиналето на УС Опен. Пред неа претстоеше сјајна иднина, но потоа дојде тој 17 декември 2007 година кога сè се сврте наопаку.

„Слушнав врисок од другата соба. Знаев дека тоа е татко ми и веднаш почнав да паничам. Мислев дека тоа се последните моменти од нашите животи. Овие мажи беа вооружени, имаа пиштоли и ножеви и му се закануваа на татко ми“, раскажува Ана и продолжува:

„Се обидов да избегам, но тие ме фатија. Ме врзаа толку цврсто што рацете ме болеа со денови. Родителите беа принудени да го отворат сефот и од него беше украдено сè. Татко ми подоцна заврши на операција затоа што му го скршија рамото. Мислам дека тие го планирале грабежот со денови, особено кога видоа дека освоив скап Ролекс во Белгија“, смета таа.


loading...

Тоа било причината зошто таа никогаш не можела да се врати во тенисот како порано.

„Не можев да ги исполнам очекувањата за 2008 година. Секој ден беше полош од претходниот и мислев дека агонијата никогаш нема да заврши. Го изгубив местото на ранг листата, изгубив поени“, навела таа.

Во следните 2009 и 2010 година, некако останала во ТОП 100, но во 2011 година колабирала за време на мечот со Каролин Возниацки. Неколку пати се пожалила на вртоглавица и ја завршила кариерата на 26 години. Денес е телевизиски коментатор и аналитичар, има ќерка на која ѝ е целосно посветена, а на крајот од разговорот порачала:

„Можеше да биде полошо. Благодарна сум што ја преживеав таа ноќ. Сепак, кој знае каква кариера би имала ако не се случеше сето тоа“.