ДОКТОР ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОКАЖА ДЕКА МАСКИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ ЗА ЛУЃЕТО

Докторот од Велика Британија Том Лоутон, одлучил да трча со заштитна маска, и да провери како тоа може да влијае на нивото на кислород. Истрчал 35 километри, и често го проверувал нивото на кислородот.

„Нивото на кислород беше 98%, секогаш кога го проверував“, напишал Лоутон на „Твитер“.

За „Си-Ен-Ен“ рекол дека целта му била да покаже дека маските се безбедни за луѓето.



„Бев изнервиран кога видов дека некои седат без маска, и тврдат дека маската им го намалува нивото на кислород“, вели Лоутон.