|

Прифаќањето на уставни измени од страна ВМРО-ДПМНЕ е основа за продолжување на дијалогот, велат од СДСМ

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа нациоанлна и стратешка цел, соопшти СДСМ.

„Прифаќањето на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и учество во широка Влада за европски интеграции создава нова шанса.

Сега врз основа на новите околности на политичката сцена треба дијалогот да продолжи и да се искористи шансата да се реализира уште една стратешка цел – членството во ЕУ.

СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место“ порачаа од владејачката партија.

Слични Објави