|

Без струја утре дел од општините Петровец и Зелениково

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови во општините Петровец и Зелениково.

· Во период од 08,45 до 14,30 часот село Кожле, пумпна станица за водоснабдување и село Бадар во општина Петровец;

· Од 12 до 15 часот дел од селото Орешани во општина Зелениково, а во период од 09 до 11 часот корисниците на село Градовци во општина Зелениково.

Слични Објави