Црквата Свети Спас во Скопје го чува споменот на бугарските борби за црковна независност
Еден од најважните културни споменици во Скопје и споменик кој го чува споменот на бугарските борби за црковна независност е храмот „Вознесение Господово“ или „Свети Спас“, пишува БГНЕС.
Црквата се наоѓа источно од тврдината Скопско Кале. Посмртните останки на бугарскиот револуционер Гоце Делчев (1872 – 1903), подарени од бугарските комунистички власти на Југославија во 1946 година, се наоѓаат во камен саркофаг во дворот на Свети Спас. Во црквата има гробови со натписи на бугарски, грчки и српски јазик. На еден од гробовите на српски е напишано: „Тука почиваат коските на поп Константин Минович, убиен од бугарашите на 14 ноември 1905 година, на 37 години“.
Црквата е изградена во 16 век и се состои од три кораба, средниот кораб е засводен, а страничните кораби рамни и покриени со греди. Во западниот дел има галерија за жени. Храмот бил обновен во 1963 и 1964 година, а при обновата на јужниот ѕид е откриен сликарски слој кој датира од 16 – 17 век.
Својот денешен изглед црквата го добила во 19 век. Во 1825 година е завршен иконостасот, дело на мајсторите Петар Филипов и Макрии Негриев, а во 1867 година се сликани дел од престолните икони. На иконостасот мајсторите ги издлабиле своите автопортрети, а под нив со мастило стои натписот: „Прв мајстор Петре Филипович од Гари, Макрија од Галичник, Марко од Гари, Дебрани од Мала Река 1825 година“.
Дичо Зограф во 1854 година ги насликал многу од иконите во црквата, а иконостасот и самите икони ги платиле занаетчиските еснафи во Скопје.
