СДСМ: КАКО СОПРУГОТ НА СИЛЈАНОВСКА КУПИЛ КУЌА ОД ДРЖАВАТА ДОДЕКА ТАА БИЛА МИНИСТЕРКА ВО ВЛАДАТА ?
Јавно објавени информации и достапни документи покажуваат дека во времето додека кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска била министерка во владата, нејзиниот сопруг од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во центарот на Скопје.
Силјановска пред граѓаните должи одговор како и на кој начин токму нејзиниот сопруг од државата купил куќа додека таа била министерка.
Која била нејзината улога во купопродажбата на станбениот простор на атрактивна локација во Скопје?
По случајот со бизнисот со фри шоп на нејзиниот сопруг, ова е уште еден случај на основано сомневање за непотизам и судир на интереси во кој е вмешана Гордана Силјановска.
Граѓаните нема дозволат некој кој ја злоупотребувал службената положба да застане на чело на државата и затоа на 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во нивен интерес, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

