| |

Мелитополскиот универзитет во Украина организираше меѓународни читања по бугаристика во онлајн формат

Десеттите Меѓународни читања по бугаристика на тема „Писменост, духовност, самобитност“ се одржаа вчера во онлајн формат, јави државниот педагошки универзитет „Богдан Хмелницки“ во Мелитопол, Украина, пренесува БНР.

Форумот е организиран од Центарот за бугаристика со Лекторат по бугарски јазик, литература и култура при универзитетот, во партнерство со високообразовни институции и организации од Бугарија, меѓу кои Шуменскиот универзитет „Епископ Константин Преславски“, Амбасадата на Бугарија во Украина, Амбасадата на Украина во Бугарија и бугарскиот хуманитарен портал „Ѕело“.

Излагањата на форумот беа посветени на теми од филологијата, историјата, археологијата, етнографијата, фолклорот, филозофијата, социјално-економската географија, правото и политиката, религијата, уметноста, интердисциплинарната бугаристика, славистиката и балканистиката.

Читањата што ги обединија академските заедници од Запорожје, Мелитопол, Софија и Шумен, се посветени на три годишнини – 1.170 години од создавањето на глаголицата, 1.160 години од покрстувањето на бугарскиот народ и 1.140 години од упокојувањето на свети Методиј.

Слични Објави