| |

Без значаен напредок на новата средба на Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија

На 6 и 7 ноември во Скопје се одржа 38-та редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, јавува БГНЕС.

Членовите на комисијата од Република Северна Македонија ги претставија новите учебници по Историја и општество за 5. и 6. одделение. Дискусијата за оваа тема ќе продолжи на наредната средба.

На состанокот беше потпишан протоколот од 31-та средба, а продолжи и усогласувањето на протоколот од 32-та.

Следната средба ќе се одржи во првата половина на декември во Софија.

БГНЕС потсетува дека Заедничката комисија беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година, и претставува клучен елемент од договорната рамка.



Слични Објави