IRON MAIDEN во Бугарија!

//

IRON MAIDEN, изведувачите на вечните рок класици како „Run To The Hills“, „Fear Of The Dark“, „Blood Brothers“ и „Dance Of Death“, се една од највлијателните и најуспешни групи на светската музичка сцена.

По неверојатниот успех на светската турнеја во 2016-2017 година, по повод 16-тиот студиски албум The Book of Souls, Iron Maiden повторно во 2018 година со серија концерти и фестивалски шоуа во Европа. Светската турнеја Legacy Of The Beast ќе започне во Талин, Естонија на 26 мај и ќе заврши во O2 Арената во Лондон, на 10 август. Целосната листа на датуми за европската турнеја ќе биде објавена на www.ironmaiden.com, со концерти кои се очекува да продолжат и во 2019 година.

Концептот на светската турнеја Legacy Of The Beast е инспирирана од мобилната игра и стрипот Maiden.  Дизајнот на сцената ќе биде спектакуларен. Ќе има неколку различни „светови“ здружени заедно, а во листата ќе бидат вклучени многу хитови на бендот, како и изненадувања од подоцнежните албуми.

Менаџерот на Iron Maiden, Род Смолуд, изјави:

„Како што нашите фанови веќе знаат, откако Брус и Ејдриан се присоединиа одново кон Maiden на почетокот на милениумот, имаме турнеи. Ги подредуваме како за нов албум и само со вечни хитови. Ние тоа го сакаме од многу причини, бидејќи бендот може да ги исполни и новите песни и големите хитови кои емоционално феновите ги исполнуваат нивните желби. Како што рековме, ние ги одржуваме работите живи – не само за феновите, туку и за бендот.

За овој концерт, полн со хитови, решивме да ја базираме темата околу името на Legacy Of The Beast, кое целосно одговара на нашите цели, и ни овозможува да бидеме креативни и да се забавуваме, особено со Еди! Ќе има многу изненадувања. Не сакам да издавам сé во моментов, но работиме на неколку сценски дизајни, одржувајќи го традиционалниот Iron Maiden. Се надеваме дека ќе им дадеме на нашите обожаватели, кои доаѓаат да го видат ова навистина посебно шоу, фантастично искуство“.

Бројните обожаватели на Iron Maiden во Бугарија, ќе можат да ги видат своите идоли во живо за време на HILLS EXCLUSIVE на 22 јули, 2018 година во Пловдив, Гребен канал, 20 часот. Специјалните гости на концертот се финализираат во моментов и ќе бидат објавени наскоро!

Билетите можат да се купат во мрежите на Ticketpro и Еventim (Бугарија), како и на интернет на www.ticketpro.bg и www.eventim.bg.

ВЛЕЗНИЦИ:



Билетите за HILLS EXCLUSIVE со IRON MAIDEN ќе бидат од една ценовна категорија:

– 80 лева до 20.06.2018

– 90 лева до 22.07.2018

– 100 лева на денот на концертот

Деца до 10 години можат да го посетат настанот без билет!

Во Македонија билети можат да се набават преку КУПИ КАРТИ ЗА СÈ.

Претходна статија

Орвел: Во времиња на тотална лага, да ја кажуваш вистината е екстремизам

Следна статија

ЗНМ: Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

Најново од Истакнато