Злосторствата на комунизмот треба се изучуваат во училиштата и универзитетите

//

Злосторствата на комунизмот во Бугарија и во целиот свет треба да се изучуваат во средното училиште, и во универзитетите. Да се изучуваат како, како што се учи за нацизмот и фашизмот. И комунистите, како национал-социјалистите, понижуваа луѓе, создадоа криминални тоталитарни режими, напаѓаа странски народи. Но, само комунистите посегнаа на светата приватна сопственост, не само што го уништија својот народ, но и ги претворија своите држави во концентрациони логори – тие ги опкружуваа со жичани огради, така што луѓето не можеа да го видат светот. И нацизмот и комунизмот имаа лидер на партијата и учител, и двете идеологии лажеа за да изградат “светла иднина”, но наместо тоа и едните и другите убиваа.

Нацистите убиваа Евреи, а комунистите во Бугарија убиваа Бугари. Беззаконие, концентрација, терор, агресија, тоа се заедничките работи на нацистите и комунистите.
Наследниците на познатите нацисти денес не се активни во политичкиот живот на Германија. Во нашата земја е токму обратното- наследниците на истакнати комунисти не се симнуваат од власта – во политичка и во економска смисла.
Очекуваме децата на Бугарија да растат како патриоти. Дали би било лошо ако дознаат дека постоел комунистички тероризам долго пред исламскиот тероризам. Дали ќе се најде наставник, кој со едноставни зборови ќе им објасни дека комунистичката идеологија е терористичка идеологија. Бидејќи комунистичката пракса е терористичка пракса Бидејќи комунистите проповедаат терор како средство за постигнување на власт.

Речиси половина век, а некои и денес, уживаат предности и привилегии во животот врз основа на фундаменталната лага: лагата што тие ја имаат против фашизмот. Нивната “борба” се состоеше во тоа што веднаш по 9 септември 1944 година беа убиени десетици илјади Бугари. Беа убиени образовани луѓе, одлични професионалци, добри земјоделци, научници, градоначалници, војници, лекари, инженери, полицајци, културни работници. Општо земено, луѓето без кои една земја многу лесно би можела да стане плен на странска држава. Всушност, тоа и се случи. СССР е држава која многу брзо по овие масовни убиства го заострува своето влијание во нашата земја и преку своите комунистички слуги го менува економскиот систем на Бугарија.
Според “сметките” на комунистите, се чини дека во царска Бугарија “виновните фашисти” биле 200 пати повеќе од виновните нацисти во Германија. За време на Нирнбергскиот процес против нацистите во Германија, 12 лица беа осудени на смрт. Нелегитимниот “Народен суд” создаден од комунистите осудува 2730 лица на смрт. А после тоа, комунистите  убија без суд и пресуда речиси 20.000 Бугари?

Не поминува и ден кога одредени граѓани во нашата земја инсистираат за почитување законите. Ова е многу убаво, така и треба да биде. Во нашата земја постои “Закон за прогласување на комунистичкиот режим во Бугарија за криминален” и тој закон мора да се почитува. Нека наставниците ја прочитаат содржината на овој закон, ќе им одземе само десет минути. Но, прво мора да го разберат. Членот 1 од овој закон, кој вели дека Бугарската комунистичка партија стапила на власт на 9 септември 1944 година со помош на странска власт – Советскиот Сојуз и неговата армија “во кршење на тековниот Устав изгласан во Трново во 1879 г. Овој устав е нашата национална гордост, со која ние се креваме за нов живот како држава. Третиот член го објавува комунистичкиот режим како криминален, бидејќи  Бугарската комунистичка партија е криминална организација.

Се разбира, постојат примери. Да почнете со тоа што им е познато на децата. На пример, сите бугарски студенти знаат кој е Иван Вазов. Но професорот треба да им каже дека Иван Вазов имал внук. Тој исто така се викал Иван Вазов и за време на Балканската војна бил ранет во опсадата на Одрин. Тој се бореше за Татковината. Тој беше познат, образован економист. Истиот се согласил да стане министер за трговија, индустрија и труд една година. Како министер, тој не е крадел, тој не “местел” јавни набавки во корист на неговите пријатели. Тој не ограбил банка, не земал мито, не делел чанти со пари на партиските другари. Тој не ги украл заштедите на Бугарите. Но овој Иван Вазов – внукот, е осуден на смрт од нелегалниот “Народен суд”, создаден од комунистите по наредба и контрола на Москва, и е погубен на 1 февруари 1945 година Зарем мислите дека денешните ученици нема да го запомнат овој пример?
Професор Борис Јоцов е истакнат бугарски славист, адвокат, литературен историчар и критичар, дописник член на Бугарската академија на науките. Тој е автор на книги за  бугарските страдања и борби за слобода. Нормално е да стане министер за образование. И тоа се случува, за само две години. Но, за комунистите, научниците се “фашисти”. Проф. Јоцов беше осуден на смрт и убиен.
Димитар Василев е инженерот кој прв го решава проблемот со водоснабдувањето на Делиорманот. Тој е пионер на водоснабдувањето и канализацијата во Бугарија, гради системи за водоснабдување во повеќето заостанати области на земјата. Тоа е неговата “вина”, тоа е неговиот “фашизам”. И тој, како внукот на Вазов, ја бранеше Бугарија во балканската војна. Но на комунистите не им се потребни бугарските херои и патриоти. Тие ги наоѓаат и ги ликвидираат. За нив “патриоти” се само слуги на Москва.



Затоа и не случајно нашинците велат дека црвената Русија, а не Бугарија, е вистинската татковина на нашите комунисти. Криминалниот “Народен суд” го ликвидира политичкиот, и воениот дел од интелектуалната елита на Бугарија. Судот ја покажува комунистичката омраза против достојните и способните луѓе во нашата земја. Ова треба да им го кажат бугарските наставници на своите ученици. Но, децата сигурно ќе поставуваат прашања. Ќе прашаат зошто е осудено целото високото раководство на бугарската армија, ако нашата армија не ни војува против СССР? Тие ќе се запрашаат зошто комунистите убиле многу од бугарските пилоти што го одбраниле бугарското небо за време на војната. (Без суд и и пресуда се убиени вкупно 305 војници). Не ги потценувајте младите. Тие самите ќе дојдат до заклучок дека, преку масовниот терор по 9 септември 1944 година, комунистите го расчистувале “теренот” за својата неконтролирана моќ  во следните децении. Тие ќе оценат дека во 1944 година Бугарија била окупирана од Советскиот Сојуз.
Зошто мислите дека учениците од втора година средно нема да ја запомнат историјата на Александар Станишев – најдобриот бугарски хирург меѓу двете светски војни, кој има “несреќа” да стане министер за здравство за само 3 месеци. Но, тоа е доволно за да биде осуден на смрт од страна на нелегалниот “Народен суд” и егзекутиран. И што е парадокс. Комунистите убиваат врвни лекари, а кога доаѓа време нивниот водач Георги Димитров да се лекува, тие го праќаат во Москва на лекување. Таму, поради „напредокот“ на советската медицина, тој се враќа во ковчег.
Љубопитна за младите, ќе биде и историјата на шефот на Бугарската национална спортска федерација, Иван Батембергски. Тој го спасува од нацистичките гасни камери Илеш Шпиц – тренер на фудбалскиот клуб Македонија од Скопје. За “награда” нашите комунисти го убиваат веднаш по излегувањето од судницата и така тој не стигнува дури до местото на масовната егзекуција. Потоа во Добруџа е изгонена неговата петгодишна ќерка Илиана, бидејќи и таа, според овие глупаци, била “непријател на народот”!
И приказната за горјаните? Зошто мислите дека денешната младина нема да биде заинтересирана за отпорот кон БКП? Наставниците ќе треба да им кажат на децата за Никола Петков, за Илија Минев, за она сино возбудено човечко море, што на крајот на 80-тите години објави на плоштадите во Бугарија дека не сака комунизам и викаше: „Долу БКП“.  А затоа што претставува Комунистичка Бугарија ќе мора да се прочитаат барем “Вонредните репортажи за Бугарија” од Георги Марков.

Убеден сум дека бугарските ученици ќе доживеат аверзија кон познатиот комунистички поет Павел Матев – подоцна автор на естрадна “љубовна поезија”, кога ќе научат дека лично учествувал во убиствата на луѓе по 9-ти септември 1944 година и се гордее со тоа? Како ли ќе реагираат кога ќе научат дека тогаш поетот Валери Петров со оружје во рака ” бркал непријатели” во Софија и како портпарол во Радио “Софија” отворено повикувал кон насилство. А инаку го знаевме како добар поет “добра душа” и срдечен човек. Убаво е да се раскаже зошто пред да се самоубие комунистичкиот поет Веселин Андреев го проколнува Тодор Живков и неговите слуги.

Убеден сум дека проучувањето на комунистичките злосторства ќе биде интересно за младите луѓе. Тие секогаш се интересираат за непознатото и “тајните” на времето. Но, сигурен сум дека и ќе се запрашат: Дали таканаречениот социјализам во Бугарија беше само низ од злосторства? Се разбира, и комунизмот и нацизмот, без разлика колку тие да тероризираат, не можат да го сопрат животот. Луѓето работат, градат, создаваат семејства, гледаат деца, се едуцираат, чекаат во редици за најелементарни добра, сонуваат да си купат стан или кола наречена “Лада”, се обидуваат да преживеат. Но не се слободни, тотално се контролирани, живеат во насилно наметнат”систем”, гледаат со недоумица како ги управуваат празноглавци, но од страв за своите деца и внуци молчеа. Некои луѓе сé уште не можат да го надминат овој страв. Национал-социјалистичката партија во Германија беше распуштена и забранета веднаш по Втората светска војна, нацизмот беше осуден не само во Германија туку и во целиот свет. А болшевичката комунистичка партија во Русија опстана за ужас на луѓето во СССР (милиони беа убиени или испратени во концентрациони логори по војната!) Во почетокот на 90-тите години во Бугарија, Бугарската комунистичка партија го промени своето име, расфрли некои од своите кадри во други партии, но генерално се зачува. Наставници, не плашете се, учете ги децата за комунизмот. Ќе им биде интересно, сигурен сум во тоа!

Автор: Александар Јорданов- поранешен амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.

Претходна статија

ЗНМ: Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

Следна статија

Кои се всушност андартите?

Најново од Истакнато