БИТИЌИ: СИСТЕМСКИ ЈА РЕШАВАМЕ КОРУПЦИЈАТА, А НЕ КРАТКОРОЧНО И ПОПУЛИСТИЧКИ
„Нашето очекување е многу поголемо за решавање на одредени проблеми, вклучително и корупцијата. Едното од решенијата е „ад хок“ решевање за да се смени перцепцијата, но тоа секогаш успева на краток рок. Другото е системско решавање на проблемите, ние сме застапници на таа теза, дека мораме систематски да ја решаваме и корупцијата. Тоа значи да работиме на подолг рок, но со реални резултати и со реално спречување на корупцијата.“ изјави вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во Утрински брифинг.
Тој дополни дека популистичките мерки, дали економски, дали оние во борбата против корупцијата, секогаш даваат подобра перцепција кај граѓаните за одредени прашања, но тоа не е суштината за решавање на проблемите кои се наталожиле три децении.
