| |

БКИЦ: Бугарските универзитети претставени на образовен саем во Скопје

Можностите за студирање во Бугарија беа претставени на специјализираниот саем за високо образование во странство „Study Abroad Fair Skopje 2026“, кој се одржа викендов во Скопје, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Младите посетители имаа можност да се запознаат со условите за пријавување, понудените студиски програми и можностите за стипендии на бугарските универзитети. Тие добија и информации за студентскиот живот во Бугарија.

„Претставувањето на бугарските универзитети во Скопје предизвика интерес кај младите“, се наведува во објавата на Центарот.

На настанот, реализиран во соработка со „Студентарија“ и со поддршка на „Europe House Skopje“, покрај Бугарија учествуваа и амбасадите на Грција, Унгарија, Чешка, Италија, Франција и Германија. Беа претставени различни можности за високо образование, меѓународно студирање и стипендии.

Според Центарот, саемот овозможил непосреден дијалог со идните студенти и ги поттикнал да ги разгледаат образовните можности во Бугарија.

Слични Објави