Проф. Павлов: Македонизацијата на Јоаким К’рчовски е чин на морално пропаѓање

//

Прогласувањето на Јоаким К’рчовски за „прв просветител на Македонија“ е антиисториско и невистинито. Ова во интервју за БГНЕС го изјави бугарскиот историчар проф. Пламен Павлов.

Тој потсети дека и самиот К’рчовски пишувал на „наједноставен бугарски јазик за да им биде поразбирлив на луѓето, бегајќи од т.н. старобугарска норма“. Целото негово дело и целиот негов живот говорат за бугарски просветител“, вели историчарот и додава: „Самиот Осоговски манастир отсекогаш бил центар на бугарската духовност не само во Кривопаланечкиот, туку и во целиот ќустендилски регион.

Ова не е прв ваков случај на кражба.

„Пред неколку години МПЦ го канонизираше монахот Кирил Пејчиновиќ. Сега имаме идентичен случај со Јоаким К’рчовски. И двајцата книжевници се рани бугарски просветители. Тие се многу слични на епископот Софрониј Врачански. Тие дејствуваат претежно на локално ниво, но активностите и на К’рчовски и на Пејчиновиќ ја надминуваат територијата на денешна РС Македонија и ги засегаат другите бугарски земји“, вели проф. Павлов.

Според него, ова е доказ дека во Македонската православна црква преовладуваат сили кои се против дијалогот со Бугарската православна црква и особено со Бугарија.



Научникот ги повика Бугарија и БПЦ да реагираат на ваквите кражби на историјата. Тој изјави дека БПЦ не треба да го остава бугарското културно и духовно наследство во туѓи раце.

„Во овој случај во рацете на МПЦ која делува како туѓа црква. Всушност, тоа се две цркви – БПЦ и МПЦ, кои се наследници на иста црква – Црквата на Првото бугарско кралство. Бугарската патријаршија има категоричен став дека е наследник на бугарската средновековна црква на целата нејзина етничка територија и дека е наследник и на Бугарската егзархија. Во исто време, гледаме дека таа ги остава таквите личности како Пејчиновиќ и Карчовски, кои се нашиот духовен капитал, под налог на странски институции“, рече проф. Павлов.

Според Павлов, македонизацијата на Јоаким К’рчовски – достоен Бугарин и претставник на бугарската Преродба – е трагичен чин. Според него, со оваа постапка МПЦ ги крши исконските правила на моралот и самата христијанска вера.

За да се избегнат кражбите и навлегувањето во бугарското историско минато, проф Павлов предлага да се работи поактивно. Тој ја повика БПЦ да ги прогласи за светци браќата Миладинови за маченици на верата и бугарштината. „Тие навистина имаат маченичка смрт. Но, тие не се канонизирани со образложение дека Вселенската патријаршија ќе биде иритирана. Тоа се неодржливи аргументи“, категоричен е проф. Пламен Павлов.

Претходна статија

(Видео) Перев: Бугарското општество што го познававме е променето, сега е силно и свесно за својата историска улога во европската историја

Следна статија

Зеленски: На руската армија ништо не и е гајле, само би убивале и уништувале

Најново од Вести