БКИЦ-Скопје организира средба на членовите на програмата „Skopje Fellowship“, во рамките на фестивалот PRO – ZA Balkan
Во отворената галерија на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе се одржи средба на членовите на програмата „Skopje Fellowship“ во рамките на 13. Меѓународен литературен фестивал PRO – ZA Balkan, кој се одржува од 21 до 23 септември во Скопје, јавува БКИЦ.
На средбата ќе учествуваат 15 специјалисти од областа на издаваштвото од 14 држави, кои ги следат настапите на авторите. Тие ќе присуствуваат на тркалезна маса на тема „Војна, вештачка интелигенција, литература“, како и ќе остварат средба со претставници на МАИ.
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и оваа година ја дава својата поддршка на фестивалот PRO – ZA Balkan, придонесувајќи за неговата реализација и афирмација. Во рамки на програмата, БКИЦ активно промовира автори и издавачки куќи од Бугарија.

