Благоевград ќе биде домаќин на Југозападниот меѓународен фолклорен фестивал „Мир на Балканот“
Во рамките на два дена, танцови ансамбли од Бугарија, Мароко, Албанија, Грузија, Србија, Република Северна Македонија и Косово ќе го претставуваат колоритот и фолклорните традиции на своите земји во Благоевград. Фестивалот ќе се одржи од 31 мај од 1 јуни со почеток од 18:00 часот на плоштадот Македонија во Благоевград.
Програмата ќе започне со дефиле на автентични народни носии, што ќе стартува од Судската палата, ќе помине по централната пешачка улица „Тодор Александров“ и ќе стигне до плоштадот „Македонија“.
Фестивалот го организира Центарот за личен и креативен развој на децата од Благоевград во партнерство со општина Благоевград и општина Дупница.

