Тројниот заборав на спасените војници

//

Пишува: Доц. д-р Спас Ташев

Во шеесетите години на минатиот век во посета на Охрид се наоѓале високите функционери на политичкото биро на Бугарската комунистичка партија Пенчо Кубадински и Венелин Коцев. Таму тие биле длабоко изненадени кога еден локален граѓанин, откако долго ги следел, им раскажал дека на 13 октомври 1944 година, населението на градот спасило 25 бугарски војници од германско заробеништво. Кога се враќаат во Бугарија, Кубадински и Коцев му кажуваат на Серафим Северњак што се случило. Така во 1971 година се појавува неговиот расказ „Охридска балада“.

Години подоцна, во 1984 година, се појавува филмот „Спасението“ во режија на Борислав Пунчев. Иако во него учествуваат познати бугарски и полски актери како Коста Цонев, Невена Коканова, Јан Новицки, Алисија Јахевич и други, а освен тоа, истата година му била доделена Специјалната награда на филмскиот фестивал Златна роза во Варна, филмот имал несреќна судбина. Уметноста повторно станала заложник на бугарската државна недоследност во водењето на политиката за македонското прашање.

Откако на Југославија и станало познато постоењето на филмот „Спасението“, Белград остро реагирал со протестна нота и властите во Софија го прекинале неговото прикажување. Освен краток период во Бугарија, во остатокот од поранешниот советски блок, филмот се прикажувал само во Полска, бидејќи тие не попуштиле пред југословенскиот притисок.

Реакцијата на Југославија и особено хистеријата во Скопје се сосема разбирливи, бидејќи лентата открива како во средината на октомври 1944 година охриѓани масовно се организирале и не само што спасиле бугарски војници од германско заробеништво, туку тогаш – и покрај нацистичката закана градот да биде уништен – одбиваат да ги предадат и почнуваат да го собираат бараниот откуп од 12 килограми злато. Пресврт во оваа драма е кога ќе сфатат дека немаат доволно злато. Тогаш свештеникот од старата бугарска црква „Свети Климент“ Тодор Каваев го донел златниот крст што го чувал и тогаш Германците се откажале од своите намери. Во Југославија овие факти биле познати во 1984 година и државната машина веќе се обидувала да ги фалсификува. Постои југословенска верзија, во која има спасување на војници, но наместо бугарски, тие се прогласени за … италијански.

Парадоксот е што информација за овие настани имало и во Бугарија, бидејќи истите ги опишал шефот на поштата во Охрид, Михаил Јоцов. Тој водел ракописен дневник од 13 октомври до 14 ноември 1944 година, но ова важно сведоштво е пренесено во Централниот државен архив по неговата смрт во 1963 година од неговиот син Христо Јоцов. И покрај тоа што бугарскиот државен врв по 1944 година имал информации за тоа што се случило во Охрид, одлучил да молчи. Дури во 1949 година, кога односите меѓу Бугарија и Југославија уште еднаш се влошиле, поранешниот командант на бригадата „Гоце Делчев“, полковник Пецо Трајков, во својата книга „Национализмот на водачите на Скопје“ напишал дека Владата на Отечествениот фронт испратила триесет тони бело брашно, еден тон шеќер и три тони мармалада за Охрид, чиј граѓани за време на војната со ризик градот да биде запален ги спасиле животите на 90 бугарски војници. Во овој случај, бројот на спасените војници очигледно е погрешен, но П. Трајков опишува како „Лазо Колишевски земал повод од овој гест на бугарската влада и за време на априлското заседание на Народното собрание во 1945 година, го одржал својот прв антибугарски говор, нагласувајќи дека Македонија нема никаква врска со Бугарија и дека патот Скопје-Охрид минува преку Белград. По овој говор, тој започна отворена општа офанзива против сè што има врска со Бугарија и има симпатии кон бугарскиот народ“.

Да постоеше некаков континуитет и надградба на бугарската државна политика за македонското прашање, ќе се знаеше напишаното од Пецо Трајков и во 60-тите Пенчо Кубадински и Венелин Коцев немаше да бидат изненадени од храбриот чин на спасување на бугарските војници во Охрид во есента на 1944. Да имаше таква политика, Бугарија однапред ќе беше подготвена за југословенската реакција во 1984 година против филмот „Спасението“, а во денешно време немаше да изгубиме толку позиции во Македонија!

Сепак, најтажното нешто во целата историја е што спасувањето на бугарските војници во 1944 година во Охрид станува познато во 1946 година, но за жал поради тогашната нихилистичка политика на Бугарија, таа нема никаква заслуга. Овој бугарски државен срам е испран од МПО во САД и Канада. Во бројот од 7 март 1946 година на нивниот весник „Македонска трибуна“ е објавено писмото на Ленка Скопакова од Охрид, напишано на 7 јануари годинава на охридски дијалект со бугарски букви.

„Ами кога ке го горея Охрид, що страхой ядохме. Ами прет заминавайнето на германците, сражение се отвори во градот. Пощо 25 души българи ги донесоа во камиони, заробени от германците.

Охридчани ги скрия и поради то, германците ги повикая първенците и им казая: лугето да се донесат или Охрид ке го гориме… Топойте наместени, ни се върти умот… Ойдохме жени на община да се молиме, да плачиме на командирот… Рекол злато 12 кила да дайме. Свите едногласно ке дайме що имаме, кой наполеони, кой пръстени, убетки, игли занесофме. Немало 12 кила и после кръстот на Свети Климента, има злато и златен, той го кладе отгоре“.



Писмото на Ленка Скопакова.

Сепак, приказната не завршува тука. По непознати патишта овој број на Македонска трибуна стигнал и во Струга и попаднал во рацете на отец Тома Каваев. На 21 август 1946 година испратил писмо:

„В 1944 г., 14 октомврий, когато бегаха германците, тие потърсиха 12 кг. злато, ако в случай не им се даде златото до 2 часа след пладне, оръдия, картечници, бомби и всички оръжия беха готови да изпълнят заповедта да действуват. Тогава аз, стар 70 годишен свещеник Тома Каваев, родом от гр. Струга, който служев во гр. Охрид в църквата от свети Климента, го занесох златният кръст от свети Климента в общината, къде се събираше златото. И о, чудо! Когато командирот – германецот го виде честния кръст, от вълк стана ягне, го целуна и се умири. Града се спаси… Днес се намирам в Струга в домът ми. Без заплата, стар и слаб. Немаме платно ни за долни ризи, ни плат за расо и подрасник – антерия“.

Отец Тома Каваев.

Ова писмо предизвикало бран на сочувство кај македонските Бугари во Америка. Членовите на МПО „Родина“ од Гери, Индијана, собираат и испраќаат помош до свештеникот. Откако ја добил, отец Тома Каваев напишал второ писмо до Македонската трибина на 17 март 1947 година, во кое им се заблагодарува за донацијата и го известува дека претходниот ден служел и ја спомнал МПО.

„Господ да ви спомене, да ви дайт любов и все, що е добро, а и вашето желание за добро ако е, да ви го изпълни. Много ви благодаря и ви благословя“.

Со овие постапки отец Тома Каваев се нашол под лупата на југословенската тајна полиција УДБА. Набргу потоа, поради реалната закана по неговиот живот, бил принуден да избега од Југославија и да се пресели во Албанија. Се населил со семејството во Поградец – на спротивниот брег на Охридското Езеро, за да може да ги гледа своите сакани Охрид и Струга, но никогаш да не може да се врати кај нив. Своите потомци ги воспитувал во патриотски бугарски дух, истите пред неколку години добија бугарско државјанство, а некои од нив се преселија во Бугарија.

Меѓутоа, поради паѓањето на Железната завеса и неконзистентната бугарска политика, спасувањето на бугарските војници во Охрид беше „заборавено“ три пати: во 1946, 1949 и 1984 година. Во 2022 година Борјана Пунчева ја најде лентата „Спасението“ и ја раскажа нејзината историја во документарниот филм „Легендата за охридското злато“. Ова не е само триумф на вистината, туку и критика на нихилизмот, што Бугарија повеќе не смее да си го дозволи!



Претходна статија

Проф. Матанов: Охридската архиепископиja е бугарска, со подршката за СПЦ Русија ја нападна БПЦ поради нејзината неактивност

Следна статија

Две фотографии од САД… едната бугарска, другата „југословенска“

Најново од Истакнато