| |

Во Софија беше одбележана 122-та годишнина од раѓањето на големиот бугарски револуционер и припадник на ВМРО Кирил Дрангов

На иницијатива на младинската организација на ВМРО во Софија, и „Здружението на бугарските родови од Македонија“ беше одбележана 122-та годишнина од раѓањето на големиот бугарски револуционер Кирил Дрангов, син на прославениот бугарски офицер и воен педагог полковник Борис Дрангов. За собитието што се одржа пред Споменикот на револуционерите од Македонија , Беломорска и Одринска Тракија во Софија, преку социјалната мрежа Facebook објави активистот на ВМРО Стефан Грнчаров.

Свои обраќања поврзани со ликот и животниот пат на Кирил Дрангов имале ќерката на големиот револуционер, Рајна Дрангова, пратеникот во бугарскиот парламент Љубомир Талев и активистот Калојан Христов.

„Во својот говор на прославата организирана од Здружението на бугарските родови од Македонија, зборував за бугарскиот карактер на делото на Кирил Дрангов, укажав на континуитетот во борбата за зачувување на бугарскиот јазик во Македонија, која се провлекува низ целиот род на Дрангови и напоменав дека наша должност е да не дозволиме овој пламен да згасне, да не дозволиме замена и искривување на бугарската историја и малтретирањето на македонските граѓани со зачувана бугарска самосвест. Го завршив мојот говор велејќи:
Вечен нека е споменот за Кирил Дрангов! Да живее слободна, независна и целокупна Бугарија“, објави од своја страна пратеникот во бугарскиот парламент Љубомир Талев.



Слични Објави