Благоевград со пригодни настани ќе ги одбележи 22 септември- Денот на независноста на Бугарија и годишнината од Горноџумајското востание од 1902 г.
На 21 и 22 септември во Благоевград ќе се одржат два настани поврзани со бугарската историја во организациja на НД „Традиција“ и РК „Георги Измирлиев Македончето“, со поддршката на Општина Благоевград и Регионален историски музеј – Благоевград.
По повод 22 септември – Денот на независноста на Република Бугарија, ден порано ќе се одржи настанот „За честта и славата- Свечен преглед на историски знамиња, униформи и вооружување на бугарската војска од периодот 1876 – 1919 г.“
Настанот има за цел да ги покаже пред јавноста во Благоевград репликите на борбените знамиња кои учествувале во борбите на Бугарите за ослободување од османлиската власт, Руско-турската ослободителна војна, борбите на Бугарите од Македонија и Одринско за ослободување и приклучување кон Бугарија и војните за национално обединување.
„За честта и славата“ ви нуди ретка шанса да дознаете за воената слава на бугарската војска и да ја допрете живата историја. Дојдете на 21 септември во 17:00 часот на плоштадот „Георги Измирлиев“ за да станете дел од прославата на бугарската независност!“, велат организаторите.
На 22 септември со почеток од 12 часот во населбата Варош, пред зградата на музејот во Благоевград ќе се одржи историската реконструкција „Повик за слобода“, посветена на годишнината од избувнувањето на Горноџумајското востание во 1902 г. Во реконструкцијата ќе учествуваат претставници на подрачните ограноци на Националното друштво „Традиција“ од цела Бугарија, како и бројни доброволци и пријатели.
„Ве покануваме сите да присуствувате на неповторливиот историски спектакл кој ќе ве врати во времето на борбите за ослободување на Бугарите од Македонија и Одринско. Достојно да го прославиме државниот празник! Да им оддадеме почит на оние кои не ја наведнаа главата и се изборија за нашата слобода!“, стои во објавата на организаторите
