БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ И НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вести Истакнато Македонија

Почитувани,

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска по повод Ден на Армијата на Република Македонија упати честитка до припадниците на АРМ и на граѓаните на Република Македонија, во која се вели:

„Во мое лично име и во име на Општина Штип го честитам денот на Армијата на Република Македонија.Денес Република Македонија минува низ процес на напредок и промени. Процес што значи темелно и суштински подобрување на работата на институциите во државата. Денес се наоѓаме пред портите на ЕУ и НАТО, земја пријател и партнер со своите соседи. Денес сме пред донесување на голема и сериозна одлука, да се биде или не. За сите овие успеси, меѓу другите и вие како припадници на воените сили на Републик Македонија сте не помалку заслужни. Вие сте првата борбена линија на татковината не само од надворешни опасности туку и при природни катастрофи и непогоди и тоа граѓаните добро го препознаваат и почитуваат. Процесот на реформи низ кој минува нашата држава, мора да обезбеди подобро функционирање на АРМ, па затоа иднината на Република Македонија е во полноправната интеграција во ЕУ и НАТО. За крај да ви посакам бројни успеси во иднина и заеднички да ги оствариме заложбите за подобро општество и интегрирање на Македонија во евро-атланските структури. Однапред ви благодарам на професионалноста,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.