„Боемска Софија“ со ново издание на книжниот пазар во Бугарија
Новото издание на проектот „Боемска Софија“ – „Квартот на сликарите. Квартот на артистите“, со автори Виктор Топалов и Никол В’лчева, веќе е достапно на бугарскиот книжевен пазар, јавува БНР.
Книгата ги води читателите низ домовите на дел од најзначајните бугарски творци кои живееле и работеле во Софија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век.
„Ова е книга со две лица, две книги во едно. Тоа се два водича, со две корици и двајца автори, обединети во едно издание“, изјави Виктор Топалов за Радио Софија.
Топалов е автор на делот „Квартот на сликарите“, сместен околу улицата „Љубен Каравелов“, додека Никол В’лчева го претставува „Квартот на артистите“ во Долни Лозенец, познат и како Журналистичкиот кварт.
Книгата содржи близу 50 приказни и претставува сведоштво за богатиот културен живот во стара Софија, во кој сликарите и артистите имале значајна улога.
