| |

„Бофл“ теми – „бофл“ политика и обратно

Ивон Величковски

Веќе научивме: штом затреба дефокус од недостаток на решенија – и Владата и парламентарната „опозиција“ нафрлаат теми за да не се зборува за главното.
За да продолжи отсуството на политика и решенија, се одржа лидерска средба за се – освен за уставните дополнувања за продолжување на 🇪🇺 преговорите.

ВМРО-ДПМНЕ нафли “забрана за пушење” за да протне милијарда евра задолжување за стари долгови и „ресто“ за преживување.
И за никој да не прашува каде се потроши „унгарскиот“ кредит со „кинески мирис“?!
СДСМ бара „швајцарска“ влада со ВМРО-ДПМНЕ по логиката „владата е корумпирана само ако не сме во неа“.
Се дебатираат маргините на „Безбеден град“, партиите го блокираат во Собрание, а гинат луѓе од сообраќајното дивеење.
Се нафрлаат идеи за 90 наместо 120 пратеници – а сите знаеме дека и за тоа се потребни уставни измени исто како за преземената обврска согласно Преговарачката рамка.

Не е проблем бројот на пратеници, министри или општини, туку неефикасноста и неодржливоста на државата од три децении:
🔸️политичка неказнивост и корумпираност, и
🔸️самоуништувачка финансиска и економска политика.
Естаблишментот зборува за се – освен за сопствената одговорност за овие 35 години назадување и за “борбата” се да остане исто и натаму.

Ова покривање на битното за нацијата со есенцијалното за олигархијата, нејзините партии и медиуми го научија сите и во Северна Македонија и во соседството и во Европа.

Затоа и веќе никој не се расправа со политичко Скопје:
🫵 Брисел вели “видете што ќе исполните од договореното, па јавете се;
🫵 Софија вели “видете со Брисел”;
🫵 Атина вели “ниту потписниците ниту тогашните опоненти на Преспанскиот договор не може да го фалсификуваат договорот”;
🫵 Тирана оди кон 🇪🇺 па „Опен Балкан“ веќе не ја прекрива врската Скопје – Белград;
🫵 Приштина покажа дека била во право кога таа игра не ја прифати ниту во 2018 ниту сега, а
🫵 Белград се соочува дека „српскиот свет“ запира на Табановце, како што ги губи 🇲🇪 и 🇧🇦.

При се помал буџет за корумпирање на електоратот со јавни пари, традиционалните партии и нивните олигархиски сопственици и медиуми мора да бегаат од вистинските теми:
Уставни дополнувања;
🔸️ Ветинг;
🔸️Отворање на архивите на ју-службите;
🔸️Проширен опфат на рестриктивните мерки;
🔸️Проширената конфискација;
🔸️Нов Кривичен законик;
🔸️Прекин на оданочувањето на семејните и инвестициските приливи од дијаспората, и
🔸️Отворање за инвестициите од соседството, особено од земјите-сојузници во НАТО.

П.С. „Бофл“ значи роба со грешки во изработката, шкарт, отпадок, расипана роба.

Слични Објави