| |

Поранешниот британски премиер Тони Блер и бугарскиот дипломат Николај Младенов ќе учествуваат на средбата меѓу Нетанјаху и Кушнер во Израел

Поранешниот британски премиер Тони Блер и бугарскиот дипломат Николај Младенов ќе учествуваат на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот преговарач Џаред Кушнер, јави Асошиејтед прес, пренесува БТА.

Младенов, кој е врховен претставник на Советот за мир за Газа, и Блер ќе му се придружат на Кушнер во разговорите со Нетанјаху, во обид да се постигне напредок во спроведувањето на мировната рамка за Појасот Газа.

Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе пристигне во Израел по разговорите во Египет, каде што се сретна со лидерот на Хамас, Халил ал Хаја. На средбите учествуваа и претставници на Египет, Катар и Турција.

Посредниците се обидуваат да го придвижат спроведувањето на патоказот за Газа, кој предвидува разоружување на Хамас и другите палестински вооружени групи, повлекување на израелските сили и предавање на управувањето на палестински технократи.

Нетанјаху го отфрли последниот план на Трамп за деблокирање на мировниот процес. Израелскиот премиер изјави дека Израел нема да се повлече од околу 60 отсто од територијата на Појасот Газа што ја контролира, сè додека Хамас не биде целосно разоружана.

За време на посетата на Египет, Кушнер се сретна и со претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Според египетското претседателство, двајцата ги повикале Израел и Хамас да ги исполнат своите обврски согласно договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Израел и Хамас во октомври 2025 година, со посредство на Египет, Катар, САД и Турција, постигнаа договор за прекин на огнот.

Иако најинтензивните борбени дејства стивнаа, спроведувањето на следните фази од договореното и натаму е во застој.

Слични Објави