БОГОЈЕСКИ СО ДЕМАНТ: КАРАКАЧАНОВ ЈА ПРЕМИНУВА ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА
„Каракачанов веќе ја преминува црвената линија. Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина.
Дај еднаш договорете се бугарски болшевици помеѓу себе, кои лаги ќе ги ширите за мене, вака ептен е непријатно да бидете цело време фаќани во лага. Целата пропаганда во Македонија ви е базирана на лаги, на фалсификувани документи, фалсификувани докази, затоа и ништо не ви поминува. И нема да ви помине”, пишува во соопштението Богојески. Тој го повика Каракачанов да потврди дека навистина е тој споменатото лице Петар Богојески, и во тој случај ако се потврди за точно да му додели бугарски пасош по брза постапка, во спротивно ќе отпочнел судска постапка каде Каракачанов ќе треба да ги докаже сите лаги и клевети изнесени за Богојески.

