| |

Богослужба пред моштите на патријархот Ефтимиј Трновски во Бачковскиот манастир

Моштите на Свети патријарх Ефтимиј Трновски денеска се изложени на богослужба во црквата во Бачковскиот манастир во Бугариja, јавува БНР.

Поводот е одлука на Светиот синод, со која овој нов црковен празник е запишан во православниот календар. Сега ќе се слави на 22 октомври со богослужба пред моштите и света литургија. Годинава на празникот учествуваат сите бугарски митрополити. На литургиjaта, која започна во 9:30 часот беа присутни и епископи и свештеници.

Потсетуваме дека моштите на последниот бугарски патријарх во Второто бугарско кралство биле откриени во Светиот Бачковски манастир во 1905 година. Со текот на годините меѓу научниците имало расправии за нивната автентичност. Светиот синод повика да се прекинат споровите за нивната автентичност.

Патријархот Неофит и илјадници мирјани во петокот се поклонија пред моштите на Евтимиј Трновски во црквата „Света великомаченичка Марина“, во дворот на Софиската митрополија.



Слични Објави