БОЈКО БОРИСОВ ПОБАРА ОСТАВКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКАТА ФУДБАЛСКА УНИЈА

Натпреварот помеѓу Бугарија и Англија синоќа во Софија ја згрози целата спортска јавност поради расистичките испади на домашните навивачи кон англиските фудбалери.

Иако селекторот на нашиот источен сосед, Красимир Балаков се обиде да го релативизира инцидентот со смешни изјави по натпреварот, Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов тргна во акција.

Тој побара оставка од првиот човек на Бугарската фудбалска унија, Борислав Михајлов поради расистичкиот инцидент.

„Го повикувам Борислав Михајлов веднаш да поднесе оставка на позицијата претседател на Фудбалската унија. По вчерашниот срамен пораз на бугарската репрезентација и лошите резултати на нашиот фудбал во изминатиот период, му наредив на министерот Красен Кралев, државата да ги прекине сите врски со Бугарската фудбалска унија, меѓу кои и финансиската подршка додека Михајлов не се повлече од функцијата. Остро го осудувам однесувањето на дел од навивачите на стадионот. Тоа е неприфатливо за Бугарија, која е меѓу најтолерантните земји во светот и каде луѓе од различни потекла и религии живеат заедно во мир“, напиша Борисов на „Фејсбук“.

Извор: Спорт1

Слични Објави