|

„Видов херои и ангели, многу мртви“: Исповед на полицаецот кој прв пристигнал на местото на судирот на возот

Кошмарните моменти кои ги доживеаја патниците од кобниот воз во Грција оживеаја во очите на полицијата и спасувачите кои први пристигнаа на местото на трагичната железничка несреќа. Таму видоа апокалиптични слики, пишуваат медиумите во соседството.

Луѓе распарчени, млади расфрлани во околните ниви и мртви, многу мртви. Повредените се обидувале да најдат начин да избегаат.

На местото први пристигнале еден млади полицаец и неговите колеги, откако неколку минути по несреќата биле информирани за судирот.

Судирот на возот се случил во 23 часот и 21 минути по локално време, а тој на местото на настанот пристигнал 10 минути подоцна.

„Многу од сликите што ги видов не сакам да ги споделам јавно. Сцената беше драматична. Видовме херои и ангели. Ја видов девојката со болки, седеше и се тресеше од шокот што го доживеа“, изјави младиот полицаец за телевизијата „Алфа“.

Тој додаде дека ја посетил другата повредена девојка во болница. Таа имала изгореници била во првите вагони.

„Се соочивме со многу херои, се сеќавам на едно 20-годишно дете кое остана да ги ослободи заробените луѓе и успеа. Спаси 10 луѓе и продолжи да се обидува“, раскажува полицаецот.

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшниот судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, Грција.



Слични Објави