Бојко Ноев: Бугарија учествува во воената помош за Украина
Старото бугарско оружје оди во Украина. Ова за БТВ го изјави експертот за национална безбедност и поранешен министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев.
Она што претстои да се направи е армиска муниција чиј рок на траење е при крај, да се достави на ВМЗ Сопот. Потоа таа муниција да се замени со нова.
Тоа се стотици илјади бројки муниција, рече тој.
Според него, ВМЗ Сопот ќе ги даде на Украина, ќе ги продаде на посредници. Тоа може да го промени текот на војната, рече тој. Тоа и дава можност на ВМЗ Сопот да обезбеди нова муниција за бугарската одбрана.
Според Ноев, Бугарија ѝ дава оружје на Украина и тоа е правилна одлука.
Целото интервју на Бојко Ноев за бугарската телевизија БТВ погледнете го на следниот линк.

