| |

БОКИ 13 ЌЕ ГИ КАЖЕ СИТЕ ПОЛИТИЧКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ЗА ДА СТАНЕ ЛИДЕР ВО ЗЕМЈАТА

Бојан Јовановски – Боки 13, повторно зборуваше за неговиот политички ангажман.

„По вчерашната моја изјава дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право на мои соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате зошто јас со овој предмет немам забрана за вршење било каква политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија“, рече Јовановски.

На вчерашното судење Боки, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник.



Слични Објави