БОКИ 13 УТРОВО НА РАСПИТ ВО СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Осудениот на 9 години за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска во Обвинителството во Скопје ќе поднесува нови пријави. Од ОЈО за МКД.мк кусо потврдуваат само дека распитот на Јовановски е закажан за утрово.
На денот кога минатиот пат Јовановски даваше исказ пред Обвинителството Дуковски доби телефонски повик со закани кои требало да му ги пренесе на Јованоски, а кои се однесуваа на тоа тој да внимавал што зборува пред обвинител оти ќе биде убиен.
