Бонева, Срцев и Прекопуца не ги вратиле парите во буџетот

//

Петмина од членовите на Државната изборна комисија вратиле пари во буџетот на РМ. Според информации од Министерството за финансии, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи и Атанас Урумов, сега веќе поранешни членови на ДИК, вратиле пари во буџетот, откако претходно си доделија бонуси во износ од четири плати. Меѓу нив е и сè уште актуелниот член на Комисијата, Ермира Асани Салија, која доби надоместок од две плати. Од Министерството не откриваат колкава е вкупната сума која е вратена во народната каса, а на листата не се имињата на Силвана Бонева, Сашо Срцев и Реџеп Прекопуца. Експретседателот на ДИК, Александар Чичаковски, веќе ги донира средствата од бонусот во износ од 260.000 денари во граѓанската организација „Полио плус“ за проекти поврзани со унапредување на правата на лицата со хендикеп… (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Ципрас оптимист за решение за спорот за името

Следна статија

САД подготвуваат нови санкции-предизборен поздрав за Путин

Најново од Вести