САД подготвуваат нови санкции-предизборен поздрав за Путин

//

Американската политика кон Русија има нова цел. Тоа е претседателот Владимир Путин. За неа се зборува со години. Во минатото имаше најави дека Америка трага по богатството на Путин, но до денес не се најде ни цент од него во некој од разните даночни раеви. Ниту пак во западна банка. Сега САД ја менуваат стратегијата. Удираат по „јатаците“ на Путин.

Во САД во тек е подготовка на нови санкции, кои треба да стапат на сила во февруари. Тие ќе бидат предизборен поздрав за Путин, кој ќе излезе на претседателските избори што ќе се одржат во март годинава на денот на присоединувањето на Крим кон Русија. Станува збор за таканаречениот „Закон за спротивставување на противниците на САД со санкции“ или погрубо речено „..за борба со непријателот на САД…“ Овој Закон беше донесен речиси едногласно во Конгресот и Сенатот на САД, а претседателот Доналд Трамп не сакајќи да си создава непријатели со коментар во негов стил, нешто како „не е добар законот“, го потпиша како попче во август лани… (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Бонева, Срцев и Прекопуца не ги вратиле парите во буџетот

Следна статија

А. Ковачев: Владата и Црквата се должни да и помогнат на Македонија

Најново од Анализи & Коментари