БОРБА ЗА „АФРИЧКИОТ ГЕНИЈАЛЕЦ“ ОД ЛИЛ, ИНТЕР НУДИ 70 МИЛИОНИ ЕВРА

/

Во сенка на трансферите на Еден Азар, Кристијан Ериксен, Ромелу Лукаку, Антоан Гризман и уште неколку други големи европски ѕвезди, ова лето ќе се води „војна“ и за фантастичното десно крило на француски Лил, Николас Пепе.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска сезонава во Лига 1 имаше 41 настап, а постигна 23 гола надополнети со 12 асистенции. Нема шанси следната сезона да ја помине во Лил иако клубот обезбеди настап во ЛШ.

За Пепе се заинтересирани голем број клубови, а првиот чекор го направи Интер. Иако го ангажираа Диего Годин, планираат трансфер на Един Џеко и Герет Бејл, сепак „Лекип“ пишува дека „нероазурите“ понудиле 70 милиони евра за Пепе.



Информациите од Франција се дека Лил бара повеќе за својот фудбалер. Во игра за крилото е вклучен и Ливерпул, но засега нема понуда од „црвените“.

Извор: Макфакс



Претходна статија

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ВО ЛИСИЧЕ

Следна статија

ПУТИН И ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ СЕ СРЕТНАТ НА 4 ЈУЛИ ВО ВАТИКАН

Најново од Вести