БОРБАТА НА НАДАЛ СÈ УШТЕ ТРАЕ: ЛЕКАРИТЕ МИ РЕКОА ПАУЗА, НЕ СМЕАМ ДА ПРАВАМ ПОГРЕШНИ ПОТЕЗИ!
Познато е дека Рафаел Надал се повлече без борба во полуфиналето на мастерс турнирот во Париз. Со тоа Денис Шаповалов доби шанса да игра во финалето, каде што загуби од Новак Ѓоковиќ во борбата за трофејот.
Шпанецот е свесен дека здравјето е прво место, но посочува дека ќе стори сé што е можно за да биде подготвен за завршниот турнир во Лондон.
Доколку не се повлечев во мечот против Шаповалов, тогаш немаше да биде добро. Поминав низ истата приказна и порано, затоа лекарите препорачаа пауза. Не смеам да си дозволам да правам погрешни потези. Целта е да се рехабилитирам, но се надевам дека ќе можам да играм во Лондон, тоа е мојата цел, истакна Надал.
Инаку, тој има болки во мускулите, а поради слични проблеми го пропушти завршниот турнир минатата сезона. Резултатите од магнетната резонанца се очекува да бидат познати наскоро, а потоа ќе биде се потврди дали Шпанецот ќе настапи во Лондон.
Извор: Спорт1
