|

Нико Ковач нов тренер на Баерн Минхен

Хрватскиот тренер Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата во Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, потврди реномираниот „Билд“.

За Ковач, кој моментално е тренер на Ајнтрахт Франкфурт, клубот од Минхен ќе плати откупна клаузула од 2,2 милиони евра.

Во прилог на ова е и информацијата дека Ковач веќе го известил спортскиот директор на Ајнтрахт дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Оваа вест прв ја објави новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк, кој е добро информиран околу случувањата во Баерн, а потоа стигнаа потврди од повеќе извори.

Ковач од 2001 до 2003 година играше за Баерн Минхен, и е во одлични односи со спортскиот директор на Баварците, Салихамиџиќ.

Извор: Sportski.mk



Слични Објави