| |

Фондација „Бугарска памет“: Веќе се познати резултатите од пописот во Албанија

Според податоците од пописот на населението во Албанија во земјата живеат 7057 Бугари , што ја поставува бугарската заедница на третото место по бројност после грчкото и ромското население, јавува преку својот Фејсбук профил Фондација „Бугарска памет“ на познатиот бугарски филантроп и мецена д-р Милен Врабевски.

,, Резултатите од пописот се од огромно значење за бугарското население во Албанија, бидејќи во последните години различни организации работеа многу активно за да докажат дека Бугари во Албанија нема. Не недостасуваа и провокациите и заканите кон претставниците на бугарската заедница за време на пописот а некои веб страници водеа целосни кампањи за да ја убедат својата публика дека Бугари во Албанија не постојат. Потсетуваме дека од долги години д-р Милен Врабевски преку своја сопствена донаторска програма помага за подобрувањето на условите за живот на Бугарите во странство, воедно со тоа и во Албанија, во целосна соработка и со Бугарското министерство за надворешни работи и бугарските дипломатски претставништва таму.
Само во последните неколку години д-р Милен Врабевски донираше за Бугарите во Албанија амбулантно возило, противпожарен автомобил, автомобил за да социјална патронажа, го ремонтираше водоводот на село Туминец, ги опреми со нов мебел училиштето и Општината во Пустец, обезбеди медицинска опрема за локалните здравствени центри во општина Пустец, а исто така и организираше бесплатни медицински прегледи за населението спроведени од најдобрите бугарски доктори “, стои во соопштението на Фондацијата.

,, Од тука натаму Бугарија треба да формира адекватна политика во однос на Бугарите во Албанија, да го олесни нивниот пристап до нашиот здравствен систем и образование и да им го обезбеди правото на двојно државјанство за тие да се чувствуваат не помал дел од нашата држава и да бидат поддржани. Како што секогаш сме велеле Бугарија е таму каде што има еден Бугарин а во Албанија се 7057″, стои во соопштението на Фондацијата „Бугарска памет“.

Слични Објави