|

Борел: Србите веднаш да ги тргнат барикадите, ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС

ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, косовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите, вели шефот на европската дипломатија, Жореп Борел.

„Мирот мора да се врати. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР. Сите актери мора да избегнат ескалација“, напиша Борел на Твитер

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ ги повика сите страни во актуелната ситуација на северот на Косово на мир и воздржаност. Тој рече луѓето да бидат мирни, затоа што се работи за измислени обвиненија.

Во Приштина, како што соопштија од кабинетот на премиерот Албин Курти денеска ќе заседава Советот за безбедност на Косово.

Косовските Срби вчера почнаа да поставуваат барикади откако вчера косовските власти го уапсија Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека „ќе победи мирот, а не Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави