| |

БОРИСОВ ГИ ПОЗДРАВИ СВОИТЕ КОЛЕГИ ЗАЕВ И РАМА ЗА ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави своите колеги Зоран Заев и Еди Рама за добиените препораки од ЕК за почетокот на преговорите за влез во ЕУ на Македонија и Албанија.

„Денеска Европската комисија во својот годишен извештај препорача почнување на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија. Ги поздравувам премиерите Зоран Заев и Еди Рама. Бугарското претседателство со Советот на ЕУ ќе остане во историјата со тоа што ја постави на дневен ред темата за земјите од Западен Балкан“, напиша на својот официјален facebook профил премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.



Слични Објави