| |

ДЕСКОСКА: ИВАНОВ НЕ МОЖЕ ДА ПОМИЛУВА

„Постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата“, вели министерката за правда, Рената Тренеска-Дескоска.

„Прво, постапката може да се води единствено преку Министерството за правда, со оглед дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во нашето Министерство. Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е ‘оживеан’, односно не постои во правниот систем на нашата држава“, објаснува министерката.

Втората пречка произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

„Од тие причини, по распишувањето на изборите, ни Министерството за правда не препраќа никакви предмети за помилување до Кабинетот на пртседателот на државата. Откако ДИК официјално ќе прогласи дека изборите се завршени, потоа ќе може до Кабинетот на претседателот да бидат препратени барања за помилување. До овој момент во Министерството за правда не се стигнати никакви барања за помилување на осудени за настаните од 27-ми април. Има барања за други предмети, но како што кажав, тие чекаат да заврши изборниот процес“, укажува Дескоска. (Повеќе)



Слични Објави