ЕМОТИВНО ВИДЕО НА НАНЧЕ: ТУКА ЌЕ СЕ РОДИ ПАРКОТ НА ПРЛИЧЕВИТЕ БЕСЕДИ!

Вести Истакнато Македонија

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче од листата на Граѓанско Демократска Унија, на својата официјална facebook страна објави емотивно видео за споменикот на Григор Прличев и најави дека ќе го направи најубавиот парк , парк на прличевите беседи!

„Е мој Григоре Прличев… Кај ти е местото? Овие зборуваат за реновирање на плоштади кои се нови, и едниот и другиот, а тебе овдека те ставија до контенјериве за ѓубре. Заслужуваш ли ти лауреат, ти во кој сите се крстиме во тебе, а оставен овдека како на буниште. Јас кој не сум достоен ни да ја допрам твојата рака, ветувам од мене дека на овој простор ќе се роди најубавиот парк, прличевиот парк, паркот на прличевите беседи.“