| |

Борисов: Не сме непријатели со Северна Македонија, договорот треба да се почитува

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави во Русе дека Бугарија и Северна Македонија не се непријатели и дека Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји треба да се почитува.

„Има Договор за добрососедство и пријателство со Република Северна Македонија, потпишан од мене и од нивниот премиер. И ние и Европската комисија не бараме ништо друго освен да се почитува овој договор. Ние не сме непријатели, туку токму спротивното“, рече Борисов, пренесе БГНЕС.

Тој посочи дека договорот предвидува права и се осврна и на таканаречениот француски предлог.

„Уште повеќе, Договорот дава права. Потоа и францускиот предлог – сè е апсолутно јасно“, изјави Борисов.

Лидерот на ГЕРБ го наведе како пример односот кон Грција во периодот на пристапувањето на Бугарија во Европската Унија и повика на конструктивен дијалог со дипломатски средства.

„Ние не сме непријатели, токму спротивното. Ако го разбираат соседството така како што го разбираме ние, нема да имаат никакви проблеми“, додаде Борисов.



Слични Објави