(Видео) Проф. д-р Људмил Вагалински: Операција „Самуил“: царот се врати дома
Во најновата епизода на македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“ гостува истакнатиот бугарски археолог проф. д-р Људмил Вагалински. Тој е директор на НАИМ – БАН, коосновач на списанието „Archaeologia Bulgarica“ (https://www.archaeologia-bulgarica.com) и раководител на научните истражувања на античкиот град Хераклеја Синтика (во близина на село Рупите во Бугарија).
Проф. д-р Вагалински беше дел од тимот на кој му беше доверена одговорната задача да ја подготви и спроведе операцијата за пренесување на посмртните останки на цар Самуил од Солун во Софија.
