Борисов предложи коалиција помеѓу четири партии за формирање влада: „Би управувал јас“
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов ја најави можноста за формирање на влада со Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП – ДБ), Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Има таков народ (ИТН).
Рече дека бугарската влада може да биде формирана без учество на ДПС – Нов почеток, фракцијата на Дељан Пеевски, Алијансата за права и слободи (АПС), без Преродба (Вазраждане) или „Морал , Единство, чест“ (MEЧ), затоа што се од многу различни идеолошки семејства, пренесува бнр.бг.
Изборот на претседател на Собранието не е цел сам по себе, туку појдовна точка за почеток на преговорите, појасни Борисов и посочи дека ГЕРБ-СДС повторно предлага оваа функција да ја пополни Раја Назарјан.
Таква влада можам да управувам само јас – да ја заштитам од влијанието на земјите кои ќе се обидат да формираат кабинет од други партии“, изјави Борисов.
