БРАТУЧЕДОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ-ТРАЈЧЕ ЗАЕВ ОТФРЛИ СЕКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ЗАПЛЕНЕТАТА ОД МВР МАРИХУАНА
Трајче Заев, братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на МВР во која беше запленета голема количина на марихуана, јавува Скопско ехо.
-Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниту еден од уапсените не е вработен во ниту една фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23. март во Обединетите Арапски Емирати, напиша тој на својот фејсбук-профил, откако ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прозва Заеви да кажат дали се вмешани во аферата.
Токму Трајче Заев беше посочен како член на фамилијата Заеви, чиј возач наводно е уапсен во акцијата.

