(ВИДЕО) ДАЛИ КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ГИ ОБЕДИНИ СИТЕ ПАРТИИ ВО БУГАРИЈА?
„Одиме кон влада со целосна поддршка“, изјави во утринскиот блок на Бугарската национална телевизија проф. Михаил Константинов, раководител на службата „Информативни услуги“, која се занимава со пребројувањето на гласовите по изборите во Бугарија.
Константинов вели дека во Бугарија е веројатно да се спроведе британскиот модел, каде што во моментот Владата е заедничка одговорност и никој не размислува како опозиција.
„Потребно ни е единство“, вели проф.Константинов.
Според него, надворешно-политичката состојба во моментот е крајно комплицирана, доларот е пред колапс, даваме голем број жртви на пандемијата на коронавирусот.
„Доаѓа војна и ние мора да бидеме пример и да бидеме лојални партнери. Во моментов се спасуваме себеси а и светот“, објаснува проф. Константинов.
Според него е „лудост“ да има избори во текот на летото, бидејќи никој нема да излезе на гласање.