ВКУПНО 1699 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА-ИМА ОКОЛУ 340 СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ

//

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 996 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 97 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 34, Кавадарци 64, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.



Претходна статија

(ВИДЕО) ДАЛИ КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ГИ ОБЕДИНИ СИТЕ ПАРТИИ ВО БУГАРИЈА?

Следна статија

БОРИСОВ: ВО МАЈ ЌЕ ИМАМЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ

Најново од Вести