БРЕГАЛНИЦА СО РЕКОРДЕН БРОЈ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР
Со историски највисока постигната победа воопшто во своите настапи екипата на Брегалница вчера во Штип со 22:0 го демолираше Ново Црнилиште во рамки на купот на Македонија.
Во листата на стрелци се впишаа вкупно 9 играчи на штипските сини.Мартин Стојанов дури шест пати ја тресеше мрежата на противникот, Настевски и Мицковски погодија четири пати, Велинов постигна хет трик, Гучев се запиша два пати во листата на стрелци, Османовски, Дарко Стојанов, Манев и Горгиев постигнаа по еден гол.
Највисоката победа на Брегалница досега е и највисока во сите натпреварувања од осамостојувањето.Досега високи победи имаат извојувано Вардар кој своевремено го победи Рудар со 16:1 и Работнички со победа од 15:0 во рамки на првото коло на Купот на Македонија пред 10 години.
Веста за историската победа на штипските сини беше пренесена и во медиумите на соседните земји.
Веќе во сабота фудбалерите на Брегалница ќе ја одиграат првата утакмица од втората македонска лига со Плачковица во Радовиш.
