| |

МИЛЕВСКИ И ЗАЕВ ЈА ПРИМИЈА МИНИСТЕРКАТА АВРАМОВА

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и владина делегација, денеска, беа домаќини на делегација на Република Бугарија предводена од министерката за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова.

На средбата беше истакната посветеноста на двете страни за реализација на проектите кои се од особено значење за меѓусебната поврзаност, со фокус на Коридорот 8, како и подобрување на прекуграничната соработка на двете земји со поддршка на фондовите од Европската Унија.
Ќе се работи на стратешки проект за реконструкција на граничниот премин Клепало, Берово.

Беше истакнато дека двете страни, Македонија и Бугарија го интензивираат спроведувањето на Договорот за пријателство и соработка и истакнаа дека за тоа сведочат повеќе меморандуми за соработка кои досега се потпишани.



Слични Објави