БРИТАНЦИТЕ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ОДАТ НА ОДМОР НИКАДЕ ОВАА ГОДИНА

/

Британците веројатно нема да можат да патуваат во странство на годишен одмор ова лето поради пандемијата на коронавирус, изјави министерот за здравство, Мет Хeнкок.

На прашањето дали луѓето треба да прифатат дека нема да има патувања во странство летово, тој одговори во емисија на ИТВ: „Мислам дека тоа е веројатно така“, пренесува „Ројтерс“.

Додека британската влада полека се обидува да отвори одредени сектори на економијата, уште некое време ќе бидат потребни одредени форми на социјално растојание.

Премиерот Борис Џонсон изјави дека е планирано воведување на 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, со цел да се спречи вториот бран на епидемијата на коронавирус.



Извор: Макфакс



Претходна статија

ОЈО СКОПЈЕ: АВТОБУСОТ НА ДУРМО ТУРС НЕ БИЛ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕДАН СПОРЕД ПРЕДВИДЕНИТЕ ПРОЦЕДУРИ

Следна статија

ЕДЕН МАЛ СЕМЕЕН НАСТАН ДОНЕСЕ НОВ БРАН ЗАБОЛЕНИ ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести