|

ДРАНГОВА (ГДУ): ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПОВЕЌЕ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДА СИ ИГРААТ СО НАС

„За што се бореле нашите предци?  За да ни го променат знамето?!  За да ни го променат името?!  Или пак за нивните внуци и правнуци да се иселуваат?!  Се бореле за подобар живот во Македонија, се бореле за да ни овозможат мир и правда! Досегашните партии донесоа сѐ освен мирот, правдата и еднаквоста.

Да не дозволиме повеќе СДСМ и ВМРО да си играат со нас. Време е да се освестиме и да дадеме шанса на некој друг“- истакна Бојана Дрангова, член на НК на ГДУ, на синоќешната прослава по повод една година од отворањето на локалниот клуб на партијата во Штип.



Слични Објави