| |

КУРШУМОТ УШТЕ БИЛ ВО ГРАДИТЕ НА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИОТ НА СВАДБАТА ВО МАЛА РЕЧИЦА

Тетовското обвинителство уште не утврдило од кое оружје било пукано на свадбата во Мала Речица на 31 јули на која беа ранети синот на пратеникот од ДУИ Џеват Адеми и негов братучед, зашто куршумот уште не бил изваден од градниот кош на потешко повредениот.

СДК.МК. пишува дека неофицијално уште не бил опериран потешко повредениот во градите. Треба да се извади куршумот и да се однесе на вештаачење.

Претходно од семејството рекоа дека Адеми не си го ранил синот како што се пишувало, туку се работело за заталкан куршум.



Слични Објави